Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека им наложил на надлежните агенции да го реновираат и повторно да го отворат затворот Алкатраз во заливот Сан Франциско за да ги сместат најбруталните и најнасилните криминалци во Америка.
„Обновете го и повторно отворете го Алкатраз“, рече Трамп на својата платформа Truth Social, додавајќи дека им наложил на Федералното биро за затвори, Министерството за правда, Министерството за внатрешна безбедност и ФБИ повторно да отворат значително проширена и реновирана верзија на затворот.
„Кога бевме посериозна нација, во минатото, не се двоумевме да ги затвориме најопасните криминалци и да ги држиме подалеку од секого на кого би можеле да му наштетат“, рече тој и додаде:
„Веќе нема да бидеме заложници на криминалци, бандити и судии кои се плашат да си ја работат работата и ни дозволуваат да ги отстрануваме криминалците кои нелегално влегле во нашата земја. Повторното отворање на Алкатраз ќе биде симбол на закон, ред и правда.“
Озлогласениот затвор, кој сега е една од најпосетуваните туристички атракции во Сан Франциско, беше затворен во 1963 година по 29 години работење.
Според Федералното биро за затвори, затворот бил затворен бидејќи неговото одржување било три пати поскапо од другите затворски објекти.