Со оглед на тоа да стариот резервоар за водоснабдување на село Мешеишта е во лоша состојба и со големи загуби на вода ,започна проект за ставање во употреба на резервоарот изграден во 1998 година и кој до денес не беше ставен во употреба,бидејќи е изграден на повисока висинска кота и постои опасност зголемениот притисок да доведе до пукање на цевките од уличната мрежа.
Со проектот кој е во тек се врши санација на неупотребуваниот резервоар,изведба на шахти со линиски вентили од стар и нов резервоар кон селото и потис кон стар и нов резервоар со нивно поврзување,како и изведба на шахти со линиски вентили и шахти со регулатор на притисок на водоводната мрежа во село Мешеишта.
Со овие активности и со претходното инсталирање на нова пумпа во пумпната станица целта е да се обезбеди економично користење на водата од водоводниот систем.
Вкупната вредност на работите изнесува 5.251.558 денари,а се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година