Земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Аргентина во петокот, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).
Земјотресот е регистриран 219 километри јужно од Аргентина во 9:58 часот по локално време (12:58 часот по Гринич), на длабочина од 10 километри, според првичните проценки.
Според извештајот, досега нема пријавени жртви, ниту пак се издадени предупредувања за цунами.