Background

Исплатени се 649,4 милиони евра обврски од надворешниот јавен долг

Во првиот квартал јавниот долг бележи намалување од 4,7 п.п. во споредба со нивото од крајот на 2024 година и изнесува 57,7% од БДП или намалување за 36 милиони евра во апсолутен износ. Намален е и државниот долг, соопшти Министерството за финансии.

Согласно објавените податоци јавниот долг во апсолутен износ во првиот квартал  изнесувал 9,584 милијарди евра додека, пак, државниот долг изнесувал  8,328 милијарди евра.

– Ваквите податоци се директна потврда за политиките што ги спроведуваме и траекторијата по која се движиме. Јавниот долг од 62,4% од БДП на крајот на 2024 година се спушти на 57,7% што е резултат на мерките што ги преземаме за фискална консолидација , мерките за намалување на непродуктивните трошења, како и напорите за подигнување на економската активност – вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

- Advertisement -
Ad image

Според неа, остварлива е целта на понизок буџетски дефицит од 3% и јавен долг под 60% од БДП, но тоа, како што вели, бара многу посветеност и напор на секое ниво и на страната на прибирање на приходите, како и на расходната страна.

– Она што е многу важно што го работи оваа Влада е посветеноста на реализација на инвестициите кои ќе донесат повисоки стапки на економски раст, а тоа на долг рок ќе донесе намалување на нивото на долгот – вели Димитриеска-Кочоска.

Министерството за финансии го објави и нивото на државниот долг во првиот квартал од 2025 година кој изнесува 50,1% од БДП и бележи намалување од 3,7 п.п. во однос на нивото на државниот долг објавен на 31 декември 2024 година.

Во првиот квартал е исплатена Еврообврзница во износ од 500 милиони евра. Дополнително во овој квартал е извршена вкупна исплата на обврски по основ на главнина за надворешен јавен долг во износ од 679,4 милиони евра, вклучително и еврообврзницата.

Министерството за финансии согласно утврдената динамика, нивото на јавен долг го објавува на квартално ниво, додека нивото на државен долг се објавува на месечно ниво.

(Државен долг е збир на финансиски обврски создадени со задолжување на Македонија, јавните установи основани  државата и општините, не вклучувајќи го долгот на јавните претпријатија и трговските друштва кои се во целосна или во доминантна сопственост на државата, општините, и на Народната банка.

Јавен долг е збир на државниот долг и долгот на јавните претпријатија основани од државата или од општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, како и трговските друштва кои се во целосна или во доминантна сопственост на државата или на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје за кои државата има издадено државна гаранција).

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation