Подземните слоеви остануваат сопственост на Украина

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха изјави дека договорот за ретките минерали, што синоќа беше потпишан со САД значи важна пресвртница во украинско-американското стратешко партнерство насочено кон зајакнување на украинската економија и безбедност.

Гардијан пренесува дека Сибиха веќе разговарал со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, за агендата на Украина и ЕУ и договорот за минерали.

„Разговаравме за неодамнешните дипломатски напори и за следните чекори за постигнување фер и траен мир. Исто така, разменивме најнови информации за подготовките за посетата на министрите за надворешни работи на ЕУ на Украина на 9 мај. Благодарни сме на ЕУ за нејзината солидарност и постојана поддршка“, напиша Сибиха.

САД и Украина синоќа го потпишаа договорот за американски пристап до природните ресурси на Украина, јави Министерството за финансии на САД.

Си-Ен-Ен пренесе дека САД и Украина потпишаа „договор за економско партнерство“ што ќе му даде на Вашингтон пристап до ретките минерали на Киев во замена за формирање инвестициски фонд во Украина.

– Како што рече претседателот Доналд Трамп, САД се посветени на обезбедување помош за завршување на оваа сурова и бесмислена војна – изјави секретарот за финансии Скот Бесант.

Тој истакна дека договорот јасно ѝ сигнализира на Русија дека администрацијата на Трамп е посветена на мировен процес центриран на слободна, суверена и просперитетна Украина на долг рок.

– И да биде јасно. Ниедна држава или лице кое ја финансирало или снабдувало руската воена машинерија нема да има право на корист од реконструкцијата на Украина – нагласи тој.

Министерката за економија на Украина, Јулија Свириденко, го потпиша договорот во Вашингтон во име на украинската влада.

- Advertisement -
Ad image

Меѓу одредбите на договорот стои и дека „целосната сопственост и контрола“ остануваат во рацете на Украина, напиша таа на мрежата Икс.

– Сите ресурси на наша територија и во меѓународни води ѝ припаѓаат на Украина. Украинската држава е таа што одредува што и каде да се вади. Подземните слоеви остануваат сопственост на Украина. Ова е јасно утврдено со Договорот – изјави таа.

Според лице запознаено со договорот, со овој потег Киев сака да ја зајакне поддршката на американскиот претседател Доналд Трамп во преговорите за прекин на огнот со Русија, пренесува „Блумберг“.

- Advertisement -
Ad image

Спогодбата ќе им даде на САД привилегиран пристап до нови инвестициски проекти за развој на природните ресурси на Украина, вклучувајќи алуминиум, графит, нафта и природен гас, соопшти агенцијата.

Share This Article