Претседателот на Република Српска Милорад Додик објави сцена од филмот „Нож“ обвинувајќи дека „специјалност на сараевската политика е препишувањето на историјата“. Во контроверзната објава тој напиша:
„Кој не ја знае историјата – е осуден да ја повторува. Ако сакате да си играте со историјата, бидете подготвени да се соочите со фактите. Прашањето е дали ќе ви се допадне она што го гледате кога ќе сфатите чие име го носите пред да го смените“.
Филмот од 1999 година е екранизација по романот на Вук Драшковиќ.
Бошњачката Партија на демократска акција (СДА) остро реагираше, обвинувајќи го Додик за ширење омраза и оживување на реториката од деведесеттите години.
Претходно, Додик рече дека „муслиманите во Босна и Херцеговина треба да се навратат на православието“.