Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова ќе судат во Врховниот суд

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Членовите на Судскиот совет на денешната седница ги избраа Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска за кривични судии на Врховниот суд. Димитиревски и Дуковска се судии од Апелацискиот суд – Скопје. На седницата беше избрана и Маја Маркова за граѓански судија на Врховниот суд.

Не се изврши избор на кандидатите Јетмир Ајдини Бошњаков, Наташа Савовска Димитровска од Апелационен суд Скопје и на Рафиз Идризи од Апелационен суд Гостивар.

Како што информираше претседателот Александар Камбовски, Судскиот совет објави оглас во Службен весник за избор на 6 судии на Врховниот суд, и тоа 3 судии за граѓанска област и 3 судии за кривична област. По спроведената постапка комисијата при Советот поднела извештај со конечна ранг-листа на кандидатите.

Известителот и претседателот на комисијата, Павлина Црвенковска, рече дека листата кандидати за судии во кривичната област е составена од двајца кандидати Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска, судии на Апелационен суд Скопје.

Членот Весна Дамева побара изземање при изборот на кривичните судии во Врховниот суд, од причина што двајцата кандидати, Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска учествувале во предмет против правно лице, кое се јавува во својство на оштетено лие, а каде нејзиниот сопруг е одговорно лице.

Во врска со останатите кандидати за избор на судии, Маја Маркова, Јетмир Ајдини Бошњаков, Наташа Савовска Димитровска и Рафиз Идризи, Весна Дамева побара да се поништи огласот и итно да се распише нов оглас.

– Заради одредени околности кои што постојат, сметам дека денес не постојат услови за избор на граѓански судии. Дали во ваква ситуација денес може да се спроведе реален и објективен избор? Станува збор за унапредување на судии во највисокиот суд во државата. Јас нема да го дадам мојот глас во овој момент и во овие околности за ниту еден кандидат, бидејќи лично сметам, доколку се спроведе изборот, истиот нема да биде објективен – рече Дамева.
Претседателот на комисијата, Павлина Црвенковска посочи оти смета дека не постојат законски пречки да се изврши избор на судиите.

– Сметам дека не постојат законски пречки за ние денеска да извршиме избор по оваа ранг листа, освен за одредени судии за кои што постојат околности, кои ние не можеме јавно да ги изразиме, но, тоа не значи дека тоа е пречка да извршиме избор – рече Црвенковска.

Претседателот Камбовски го стави предлогот на членот Дамева за поништување на огласот за избор на тројца судии на Врховен суд во граѓанската област, по што двајца членови на Советот гласаа „за“, а 10 гласаа „против“. По ова, продолжи изборот на кандидатите.

- Advertisement -
Ad image

Изборот на кандидатите Јетмир Ајдини Бошњаков, Наташа Савовска Димитровска и Рафиз Идризи не се изврши, затоа што тие не го добија Бадентеровото мнозинство. Дел од членовите пто гласаа „против“, наведоа дека има недостиг на интегритет и кредибилитет.

Членовите на Судскиот совет на денешната седница ги избраа Наташа Андреева за судија на Основен суд Велес, Дерим Полиси за судија на Основен суд Струга, додека Емилија Борисавлевиќ Александровска, Јасна Ушковска, Звезда Илиеска, Елена Лукарева, Марко Кржаловски, Софче Китанова Проданов и Маја Гроздановска беа избрани за судии на Основен граѓански суд – Скопје.

Александра Адеми, Берниса Рахиќ, Ирена Јаниќ, Роберт Митевски, Билјана Тодоровска, Сулејман Сулејмановски, Сибил Сефејдинова, Фатус Јусуфи и Фитим Лога се избрани за судии на Основен кривичен суд – Скопје.

- Advertisement -
Ad image

Членовите денеска со 12 гласа „за“ го избраа Мирослав Георгиевски за претседател на Основен суд Кратово.

Share This Article