Најмалку седум лица се повредени, меѓу кои и две новороденчиња во шумските пожари во областа на Ерусалим во Израел. Стотици граѓани беа евакуирани од ова подрачје откако пожарите излегоа од контрола. Евакуации имало на најмалку 5 места, соопшти израелската полиција.
Црн чад е видлив од многу делови на областа. „Тајмс оф Израел“ наведува дека идентитетот на тројцата осомничени кои ги уапси полицијата, како и нивниот мотив, сè уште не се познати.
Шефот на израелските одбранбени сили, Ејал Замир, ѝ нареди на армијата да помогне во гаснењето на пожарите што беснеат околу областа на Ерусалим.
Министерот за надворешни работи Гидеон Саар побара помош од колегите во Кипар, Хрватска, Италија и Грција за да помогнат во гаснењето на пожарите.
Канал 12 објави дека Италија и Грција испраќаат помош во Израел, а се очекува авионите да пристигнат за неколку часа.
Палестинската власт, исто така, понудила помош во форма на противпожарни екипи, што веќе се случило и во минатото, но Израел сè уште не одговорил на понудата, рекол безбедносен извор за „Тајмс оф Израел“.
Tagged as:
меѓу кои и две новороденчиња во шумските пожари во областа на Ерусалим во Израел Најмалку седум лица се повредени
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖