Белградскиот Интерпол го известил хрватското Министерство за внатрешни работи дека во реката Сава во Белград е пронајдено тело на дете, откако нејзината мајка (34) го испуштила во реката Сава во близина на мостот Јанкомир во Загреб во јануари годинава, објави хрватски Индекс.
Убиството било извршено на 15 јануари оваа година, а телото на девојчето е пронајдено во реката Сава во Белград во март. Со ДНК анализата спроведена во меѓународна полициска операција е утврдено е дека детето било жртва на кривично дело „тешко убиство“, пренесуваат српските медиуми.