Најмалку 15 лица загинаа во пожар во хотел во Калкута, на североистокот од Индија, соопшти денес тамошната полиција.
„Неколку лица се спасени од собите и од покривот на хотелот. Пожарот што избувна синоќа сега е под контрола. Најмалку 15 лица загинаа“, изјави за новинарите началникот на полицијата во Калкута, Маној Верма.
Пожарите во згради се честа појава во Индија поради недостаток на опрема за нивно спречување и широко распространето непочитување на безбедносните прописи.
Индиските медиуми објавија снимки од хотели во пламен и луѓе кои се обидуваат да избегаат низ прозорците.
Едно лице почина откако „скокна од тераса обидувајќи се да избега“, додадоа медиумите.