Папата Франциск е погребан денеска во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а приватната церемонија траеше околу половина час, соопшти Ватикан.
„Погребниот обред се одржа според прописите на Ordo Exsequiarum Romani Pontificis, а го водеше кардиналот коморник во присуство на лицата наведени во соодветното известување од Канцеларијата за литургиски прослави, како и членови на семејството на починатиот Папа. Церемонијата заврши во 13:30 часот по средноевропско време“, се вели во соопштението на Ватикан.
Пред таа базилика, која се наоѓа на околу шест километри од Ватикан, телото на Папата го пречекаа 40 припадници на маргинализирани групи, за кои тој особено се залагаше за време на службата, вклучувајќи мигранти, бездомници, затвореници и трансродови лица.
На погребот во базиликата Санта Марија Маџоре присуствуваа само најблиските, а едноставниот, дрвен ковчег на Папата беше пречекан со ѕвона.
По погребот на папата Франциск, следуваат девет дена жалост, а потоа 135-те кардинали, членови на конклавата, ќе треба да изберат нов папа.
Поглаварот на Римокатоличката црква почина на 88-годишна возраст на 21 април.
Верниците уште од утре ќе можат да го посетат неговиот гроб во базиликата Санта Марија Маџоре, објави Ватикан.
Tagged as:
па ќе се избира нов папа Следуваат 9 дена жалост
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
