Осомничени за корупција се 49 лица, лекари, адвокати, службеници и судски вештаци

Lorita
By Lorita 9 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), на 23 април беа извршени претреси на повеќе локации во Скопје, Велес, Тетово и Гостивар, при што од слобода се лишени 23 лица, а едно лице е недостапно на органите на прогонот.

Во текот на денешниот ден осомничените се изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд. Обвинителството имајќи ги предвид кривичните дела сторени од секој осомничен поединечно како и висината на запретените казни и исполнетоста на околностите за определување на мерки за обезбедување за 12 осомничени предложи определување на мерка притвор, додека за три лица мерка куќен притвор, за останатите лица се предложени мерки на претпазливост.

Според МВР, предметот се однесува на две организирани криминални групи кои делувале во текот на 2023 година. Поднесена е кривична пријава против вкупно 49 лица, меѓу кои има лекари, членови на комисии за утврдување инвалидитет и право на нега, вработени во здравствени установи, адвокати и други лица.

При претресите се пронајдени и одземени околу 110.000 евра, 65.000 денари и 100 долари, како и повеќе мобилни телефони, нотеси со податоци за должници, разна медицинска документација и факсимил печати.

Како што соопштија од МВР, осомничените се товарaт за сериозни кривични дела, меѓу кои се „злоупотреба на службената положба“, „примање и давање поткуп“, како и „незаконито влијание“. Двете криминални групи, според истрагата, посредувале меѓу лица кои сакале да стекнат право на нега од друго лице или инвалидска пензија, и службени лица кои за поткуп издавале лажна медицинска документација и носеле одлуки во нивна корист.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 49 лица и тоа: С.М. (58) од Скопје (поранешна вработена во Универзитетската клиника за уво, нос и грло Скопје), Г.К.Б. (55) од Скопје (вработена во Универзитетска клиника за уво, нос и грло Скопје, член на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност односно неспособност за работа), П.М.Д. (73) од Скопје (лекар, член на Комисијата за оцена на работна способност во ФПИОСМ во период од 01.02.2023 до 30.06.2024), М.П. (53) од Скопје, Ч.Ј. (63) од Скопје, Г.Б. (54) од Скопје (вработен во ЈП Македонија пат), С.Л. (50) од Скопје (вработена во Универзитетска клиника за неврологија Скопје), К.Н. (69) од Велес (пензиониран лекар, во моментот вешто лице за Основен кривичен суд Велес), Ј.К. (47) од Скопје (сопственик и управител на правно лице од Скопје), В.К. (42) од Велес (адвокат), Б.Б. (44) од Велес (вработена во ЈЗУ Општа болница Велес, претседател на Стручната комисија за издавање на наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице во рамките на ЈЗУ Општа болница Велес), Т.Ј. (50) од Велес (вработен во ЈЗУ Општа болница Велес), Б.Ј. (45) од Велес (вработена во ЈЗУ Општа болница Велес), К.Х. (63) од Скопје (вработен во Универзитетска клиника за психијатрија Скопје и член на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност, односно неспособност за работа при Министерството за социјална политика, демографија и млади), Ј.Ј. (66) од Крива Паланка, В.С. (65) од Велес, Т.Д. (61) од Студеничани, Л.Ј. (62) од Скопје, Е.Т. (55) од Велес, Д.Д. (52) од Скопје (вработен во ЈУ Центар за социјална работа – Тетово), В.Ј. (49) од Велес (лекар, овластено лице во ординација за општа медицина и специјалистички ординации во Велес), Ј.Д.Р. (33) од Велес (лекар, овластено лице во ординација по општа медицина во Велес), Б.К. (60) од Велес (лекар, овластено лице во ординација по општа медицина во Велес), Е.З. (41) од Велес (вработена во ЈЗУ Општа болница Велес), М.Љ. (69) од Скопје, В.М. (60) од Скопје, Н.Р. (48) од Тетово, С.Р. (72) од Тетово, Ј.К. (34) од Скопје, В.С. (62) од Скопје, М.Ј. (54) од Скопје, Х.М. (50) од Скопје, В.А. (60) од Куманово, Г.А. (61) од Скопје, М.Г. (56) од Скопје, С.Д (59), М.Ј. (56) од Велес, Р.Љ. (73) од Гостивар, М.Ф. (58) од Гостивар, Н.Ф (65) од Гостивар, Ф.Љ. (54) од Гостивар, Ќ.Ј. (60) од Студеничани, Е.К. (52) од Скопје, Л.Р.(57) од Куманово, З.Б. (53) од Скопје, Г.З. (59) од Куманово, Д.А. (47) од Велес, Љ.Ц. (46) од Скопје и Д.Ѓ. (62) од Велес, за кои беа обезбедени докази за криминално коруптивно дејствување на две организирани криминални групи, двете формирани во текот на 2023 година, при што членови на организираните криминални групи со прекршување на Законот за социјална заштита, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, Закон за здравствена заштита, како и други закони и подзаконски акти кои ги регулираат постапките за стекнување со право на помош и нега од друго лице и право на инвалидска пензија, во континуитет ги извршувале кривичните дела: „злоупотреба на службената положба и ги овластување“ по чл. 353 од КЗ, „помагање“ по член 24 во врска со „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл. 353 од КЗ, „примање поткуп“ по член 357 став 1 од КЗ, „давање поткуп“ по член 358 став 1 од КЗ, „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7 вв став 2 од КЗ, „давање награда за противзаконито влијание“ по член 358-а став 2 од КЗ, со кои за себе и за други лица противправно прибавуваат имотна корист и овозможуваат неосновано стекнување со социјално право на туѓа нега и право на инвалидска пензија, со кои противправни дејствија предизвикуваат штета на буџетот и фондовите на државата.

Притоа, се издавале медицински упати и документи без преглед на лицата, се организирале фиктивни клинички и болнички прегледи, а документацијата содржела лажни податоци. Преку членови на комисиите, овие документи биле користени за незаконско одобрување на социјални права, што довело до значителна штета на државниот буџет и фондовите.

Од ОЈО ГОКК информираат дека оваа акција е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, која се водела под раководство на предметниот јавен обвинител. Во текот на вчерашниот ден, во координација со МВР, беа спроведени претреси и приведувања на повеќе лица поврзани со случајот.

„По повеќемесечна предистражна постапка што се водеше во рамките на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден под раководство на предметниот јавен обвинител, Министерството за внатрешни работи спроведе акција во која беа извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на Скопје, Велес, Тетово и Гостивар. Во акцијата од слобода се лишени 23 лица, а едно лице не е достапно на органите на прогонот. Станува збор за основано сомнение за извршени низа кривични дела со кои е направена штета на државниот буџет. Постапувајќи по кривичната пријава, предметниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 49 лица“, велат од ОЈО ГОКК.

- Advertisement -
Ad image

Обвинителството ќе продолжи со натамошни активности за целосно расчистување на случајот и поднесување соодветни обвиненија за сите инволвирани. Според наводите, станува збор за добро организирани групи со воспоставени врски меѓу различни институции, кои преку мрежа од поткуп и фиктивна документација овозможувале стекнување на права на кои лицата немале законска основа.

Share This Article