Истанбул го потресоа три земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 6,2 степени. Луѓето во паника трчаа на улица. Се уште нема извештаи за штети или жртви.
Тлото се затресе во Истанбул, најголемиот град во Турција. Три земјотреси го потресоа градот, првиот со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала го погоди во 12:13 часот, вториот во 12:49 часот со јачина од 6,2 степени, а третиот во 12:51 часот со јачина од 4,4 степени.
Според дописникот на Би-Би-Си од Истанбул, Орла Герин, која живее во населба на европската страна на градот, луѓето во паника избегале на улиците. Истрчав надвор од зградата. Силно го почувствував земјотресот во мојот стан“, додаде таа.
Од Турција се уште нема извештаи за штети или жртви.