Американскиот претседател Доналд Трамп го омекна својот претходен остар тон по неколкунеделните одмазднички мерки кои ги зголемија царините за увоз на кинески производи до 145%.
– Царина од 145% е многу висока и нема да остане на тоа ниво. Нема да биде блиску до тоа. Ќе се намали значително. Но, нема да биде нула – изјави Трамп, одговарајќи на прашања на новинарите во Белата куќа.
Американскиот лидер минатата недела рече дека се надева дека ќе постигне трговски договор со Кина, иако не понуди детали.