Background

Телото на папата Франциск пред неговото изложување во базиликата Свети Петар, каде што верниците ќе имаат можност да оддадат почит, привремено е балсамирано за да ги издржи топлите временски услови во Рим

Телото на папата Франциск пред неговото изложување во базиликата Свети Петар, каде што верниците ќе имаат можност да оддадат почит, привремено е балсамирано за да ги издржи топлите временски услови во Рим, изјавија експерти.

– Телото на Франциск беше подложено на процес на привремено балсамирање, познат како танатопраксија – рече основачот на италијанскиот Национален институт за танатопраксија (ИНИТ), Андреа Фантоци.

Тој појасни дека тоа вклучува вбризгување презервативни течности низ циркулаторниот систем и естетска нега на лицето и на рацете, додавајќи дека целта е да се забави процесот на природно распаѓање.

- Advertisement -
Ad image

– Таквата процедура со хемиска течност мора да се изврши во рок од 36 часа по смртта. Нејзиното влијание на поприроден изглед на покојникот обично трае до 10 дена – реч

Ватикан во вторникот ги објави првите фотографии на папата во отворен ковчег, облечен во црвена наметка, со митра на главата и со бројаница во раката.

Телото на 88-годишниот поглавар на Католичката црква, кој почина на Велигден, ќе биде изложено 3 дена во базиликата, од среда до погребот во сабота.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation