Рекордна употреба сезонава во Шпанија, дали има врска со судиите?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во текот на оваа сезона во елитното шпанско фудбалско првенство, ВАР интервенираше дури 162 пати, што е најголем број на видео проверки за овој период од сезоната откако системот започна да се користи во Примера.

Тамошните медиуми пишуваат дека најчесто ВАР интервенирал за проверка на контроверзни ситуации во кои се вмешани играчите на Барселона – дури 19 пати. Од тој број на проверки, 13 завршија со позитивен исход за Каталонците.

Инаку, рекорден број интервенции на ВАР се случија во сезоната 2022/23. Тогаш видео системот 179 пати проверуваше ситуации во натпреварите во Примера, но оваа сезона, како што стојат работите, сигурно ќе се надмине таа бројка.

До крајот на сезоната остануваат уште 61 натпревар, а со оглед на тоа што ВАР се користи еднаш на два меча, прашање на време е кога ќе биде надминат рекордот од споменатата сезона. Се очекува бројот на интервенции на ВАР да се зголеми бидејќи сезоната влегува во завршна фаза, претстојат клучни натпревари и попрецизно ќе се проверува секоја контроверзна ситуација.

Share This Article