Вечерва околу 22 часот се случи убиство во Нови Сад. Како што објавија српските медиуми, сопругот ја убил сопругата во семејниот стан.
Полицијата на лице место затекнала маж и веднаш бил приведен во полициска станица.
Како што дознава Блиц, во станот било пронајдено тело на жена, а делото во полиција го пријавило нивното шестгодишно дете.
Неофицијално се работи за триесет и деветгодишна жена.
На нејзиното тело биле пронајдени повеќе убодни рани.