Background

Уништен е Прстенот на рибарот на Папата Франциск.

Уништен е Прстенот на рибарот на Папата Франциск. Прстенот традиционално се уништува по смртта на папата и има симболично значење. Историски, прстенот се користел како восочен печат за заверување официјални документи и со негова помош се потврдувала автентичноста на папските наредби. За да се спречи можноста некој да го злоупотреби прстенот и да издава лажни документи во името на починатиот папа, тој се уништувал веднаш по неговата смрт.

Но, уништувањето на прстенот има и длабоко симболично значење – тој чин го означува крајот на папското служење отворање на пат за избор на нов поглавар на Римокатоличката црква. Се користи специјален сребрен чекан или длето за да се оштети така што повеќе не може да се користи, често пред присуство на кардинали.

Овој церемонијален чин е дел од сложениот и строго регулиран протокол наречен Sede Vacante – периодот кога Светиот Престол е без папа, сè до изборот на нов во конклавата.

- Advertisement -
Ad image

Прстенот на рибарот претставува еден од најважните симболи на папската власт и наследството на Свети Петар – првиот папа и рибар по професија. Овој прстен се изработува специјално за секој новоизбран папа и има длабоко значење, и духовно и историјско.

Кога Хорхе Марио Бергољо беше избран за папа во 2013 година, тој избра да носи прстен од позлата, а не од масивно злато, во знак на скромност и блискост со сиромашните – вредности што тој често ги нагласувашњ во своето служење. Неговиот прстен не е оригинално изработен, туку се базира на дизајн што не беше користен од друг папа.

Папата Франциск често го носеше прстенот, но не дозволуваше секогаш верниците да го бакнуваат – објаснувајќи дека тоа е делумно поради хигиена, но и затоа што сакаше луѓето да се фокусираат на Христос, а не толку на неговата улога како папа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation