Премиерот на Шпанија, Педро Санчез деенска изјави дека Мадрид ќе успее да издвои два проценти од бруто домашниот производ за армијата, со што ќе ја исполни целта на НАТО.
Тој наведе дека Владата ќе го зголеми воениот буџет за 10,5 милијарди евра односно ќе издвои два отсто од БДП за армијата.
Санчез истакна дека е време Шпанија „да ја преземе контролата над својата судбина“ и да придонесе за повторно вооружување на Европа.
– Пред многу години да ме прашавте за приоритетите на мојата Влада во инвестирањето во безбедноста и одбраната, очигледно мојот одговор ќе беше поинаков. Тоа не е затоа што се сменија нашите вредности, туку затоа што се промени светот – посочи Санчез.
Минатата година Шпанија најмалку потроши за одбраната од сите земји-членки на НАТО.
Американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати изјави дека Европа не троши доволно за сопствената одбрана и бара земјите-членки да издвојуваат дури пет проценти од БДП.