Денот на планетата Земја, кој се одбележува секоја година на 22 април, е глобален потсетник за важноста од зачувување на животната средина и природните ресурси за идните генерации

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Денот на планетата Земја, кој се одбележува секоја година на 22 април, е глобален потсетник за важноста од зачувување на животната средина и природните ресурси за идните генерации. Годинава се слави под мотото „Наша моќ, наша планета“ со фокус на обновливите извори на енергија. Aкцентот е ставен на заедничката акција на сите земји во светот со цел тројно да се зголеми производството на чиста електрична енергија до 2030 година.

Денот на планетата Земја првпат се одржал во 1970 година во Филаделфија, на иницијатива на американскиот сенатор Едмунд Муски, како реакција на сè поочигледните еколошки проблеми предизвикани од човековата активност.

Денес, повеќе од половина век подоцна, планетата се соочува со уште посериозни предизвици: климатски промени, уништување на шумите, загадување на воздухот и морињата и забрзано губење на биолошката разновидност.

 

Повеќе за ова на „Арт кујна“.

Фото: Pexels

Share This Article