Физичка пресметка меѓу мајка и нејзината малолетна ќерка била пријавена вчера попладне во близина на регионалниот пат Кичево-Битола, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
„На 21.04.2025 во 17:05 часот во ОВР Кичево е пријавено дека по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу И.С. (36) и нејзината малолетна ќерка, двете од Кичево“, информираат од полицијата.
Од СВР Охрид додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.