Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за ратификација на договорот за сеопфатно стратешко партнерство со Иран.
Со договорот се утврдува правната рамка за понатамошен развој на соработката меѓу Москва и Техеран, пренесе Бета повикувајќи се на руски медиуми.
Тој го гарантира статусот на Русија и Иран како стратешки партнери и ги покрива сите сфери, вклучувајќи ја одбраната, борбата против тероризмот, енергетиката, финансиите, транспортот, индустријата, земјоделството, науката, културата и технологиите.