Лекарката, според грчките медиуми, има повреди на градниот кош, слезината и клучната коска, но не е во животна опасност. Таа за медиумите изјавила дека не се сеќава на тоа што се случило.
-Не се сеќавам на ништо… Навистина. Добро сум и им благодарам на сите за поддршката и љубовта, но најмногу им благодарам на колегите кои дојдоа и се грижеа за мене – изјавила таа.
Сопругот на Виви, Јоргос, е убеден дека неговата сакана ја спасил светец.
-Се враќаше од смена, исцрпена… Имаше неколку тешки случаи, дали се замислуваше како размислува за пациентите, а во еден момент ослепе од се. Светецот ја штити… Возот забави малку 50 метри порано, тоа ја спаси – изјавил нејзиниот сопруг Јоргос.
Тој сепак вели дека е огромен проблем што заштитната рампа не ја штити целата должина на пругата, туку само едната страна од коловозот.
– Зошто сè не е затворено, ги прашав надлежните… – вели тој.