На граничните премини ,,Табановце” и ,,Богородица” времето на чекање за влез во државата изнесува околу 20 минути, информира Авто мото сојузот (АМСМ)
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.