Полицијата ноќеска уапси возач во Кавадарци затоа што возел пијан, изетал од патот и удрил во бандера.
„Денеска (20.4.2025) во 02 часот на улицата Страшо Пинџур во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.С.(25) од општина Росоман. В.С. со неговото патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во бандера. По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќајот и задржан во полициска станица Кавадарци“, соопшти полицијата.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик за кривичното дело Безобѕирно управување со моторно возило, се додава во соопштението.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
