(ФОТО/ВИДЕО)СЛОЖНИ КАЛУЃЕРИ И НА ВЕЛИКИ ПЕТОК МРСАТ! ПАЈАК СЛУЖБА ВО ОХРИД ПОТРЧА ВО ПРИВАТНИ ПРЕГРАТКИ НА ОХРИД ТРЧАТ!!

Saso
By Saso 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Додека обичните смртници постат и се воздржуваат на Велики петок, изгледа дека во Охрид некои “калуѓери” на локалната власт мрсно се гоштеваат со парчиња од јавниот буџет! Во времето кога целата нација се соочува со растечката сага околу финансиските и останатите криминални аномалии на здружението на граѓани АК “Охрид ТрчаТ”, на сцена стапува нов запрепастувачки заплет што би можел да го посрами и најдобриот сценарист на криминалистички серии.

Граѓаните на Северна Македонија снемаа здив пред највозвишеното чудо на годинава – пајак службата во Охрид, по некаков мистериозен и секако непознат основ, како да потрчала право во прегратките на здружението “Охрид ТрчаТ”! Но не грижете се, не станува збор за злоупотреба на јавни ресурси – туку за чисто чудо!

“ТРЧАЈ ОД ЗАКОНОТ” – НОВА ДИСЦИПЛИНА НА СПОРТСКИ КЛУБ?

Фотографиите и видео материјалите што деновиве кружат низ медиумите покажуваат сцена достојна за политичко-криминален мјузикл: целиот простор на депото на Пајак службата во Охрид, сместено во срцето на Спортско-рекреативниот центар „Билјанини Извори”, блеска во брендираните бои на “Охрид ТрчаТ”. Логото на здружението гордо се вее на местото каде што треба да стои само државниот симбол – оставајќи ги граѓаните да се чудат дали “непрописно паркираните” возила сега ќе мора да плаќаат и членарина во спортскиот клуб!

Во светот на нормалното би прашале: “За какво јавно-приватно партнерство се работи тука?” Но во Охрид, прашањето мора да биде: “Кој потпиша овој документ и дали перото издржа од тежината на математичката операција што стоела зад него?”

МИСТЕРИЈАТА НА ТРЧАЧКИОТ ПАЈАК

Додека граѓаните се чудат на оваа небесна појава на Велики петок, надлежните институции продолжуваат да практикуваат монашка тишина – веројатно како дел од духовната подготовка за Велигден. УЈП, Финансиска полиција, МВР – сите заедно како сложни калуѓери во тишина медитираат пред очигледното!

А “Охрид ТрчаТ”, со вистински олимписки дух, продолжува да поставува нови рекорди во дисциплината “долг скок преку законот”. Не е јасно дали пајак возилата сега ќе добијат и патики за трчање, или ќе мора да се задоволат само со брендираните простории.

ПРАШАЊА БЕЗ ОДГОВОРИ, ОДГОВОРНИ БЕЗ ПРАШАЊА

Велики петок нѐ учи на трпение и подготвеност да го поднесеме крстот. Но дали охриѓани мора да го носат и крстот на институционалната слепост која не сака да види оти јавните ресурси се претворени во приватна играчка?

И додека надлежните органи продолжуваат да ги држат затворени очите пред фото и видео доказите, граѓаните останува да се прашуваат: дали пајак службата сега ќе отстранува само возила што не се брендирани со “Охрид ТрчаТ”? Дали казните ќе одат за финансирање на следниот “воден фестивал”? И најважно – со каква математика функционира овој волшебен град каде што 2+2 не е секогаш 4, туку понекогаш е “партнерство со приватен субјект”?

Како и секогаш, одговорите ќе мора да почекаат. Во меѓувреме, ако се паркирате непрописно во Охрид, можеби ќе мора да купите и стартен број за следната трка.

- Advertisement -
Ad image

Прилог: Граѓаните се повикуваат да ги погледнат фотографиите и видео материјалите и сами да донесат заклучок за оваа најнова охридска атракција – Пајак што Трча!

Сашо Денесовски

Share This Article