Шпанската фудбалска лига следната сезона ќе има пет претставници во Лигата на шампионите, врз основа на резултатите на клубовите во сите три европски клупски натпреварувања оваа сезона.
Дополнително место во Лигата на шампионите добиваат две лиги врз основа на резултатот на клубовите, а откако на 8 април беше објавено дека тоа ќе биде Премиер лигата, по синоќешните резултати и пласманот на Бетис во полуфиналето на Конференциската лига и на Атлетик Билбао во полуфиналето на Лига Европа, потврдено е дека и Ла Лига ќе има пет претставници.
Минатата сезона Италија и Германија добија по едно дополнително место, и во како петтопласирани во националните првенства Болоња и Борусија Дортмунд играа во Лигата на шампионите, која од оваа сезона се игра во нов формат, со 36 клубови според единствена табела.