Принцот Хари, по венчавката со војвотката Меган Маркл и преселувањето во САД, го изгуби интересот за работата на хуманитарната организација „Сентебале“, изјави Коабане Теко.
„Сентебале“, основана во 2006 година во чест на принцезата Дајана, се соочува со криза поради низа обвинувања за вознемирување и „женомраза“ упатени од претседателката на управниот одбор, Софи Чандаука, пишува британски Телеграф.
Минатиот месец принцот Хари и принцот Сеисо, заедно со други членови на одборот, се повлекоа од организацијата.
– Неговото губење на интересот го уби духот на „Сентебале“ – рече Теко за Телеграф, изразувајќи изненадување што војводата и војвотката од Сасекс, и покрај честите посети на Африка, не ја посетија Лесото ниту одржуваа континуиран контакт со локалната заедница.
Во меѓувреме, Комисијата за добротворни организации на Велика Британија започна истрага за работата на „Сентебале“. Според организацијата, нејзината мисија е да им помогне на младите во Лесото и Боцвана преку поддршка во здравството, социјалната еднаквост и отпорноста на климатските промени.