Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека не би препорачал никому да се обиде да го уапси бидејќи е заштитен од полицијата на Република Српска и добро обучени специјалци.
„Верувам дека не можат да ме уапсат. Според Уставот, ме чува полицијата на Република Српска и добро обучени специјалци кои неодамна беа наградени на голем меѓународен натпревар во Дубаи“, изјави Додик за швајцарскиот неделник „Велтво“.
Тој рече дека станува збор за специјални сили лојални на Република Српска.
„Затоа не би препорачал никому од Сараево да го проба. Ќе се браниме“, рече Додик.