Background

Шест полициски службеници ќе бидат во куќен притвор

Шест полициски службеници ќе бидат во куќен притвор, одлучи судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје, откако попладнево беа спроведени во судот и се произнесоа по предлогот на Јавното обвинителство за определување мерки на претпазливост. Седмиот полицаец, за кого исто така е побарана мерка, не е достапен за органите на прогонот, потврдуваат од полицијата.

Мерките кои ги одреди судот за шестмината осомничени се: одземање на патна исправа, забрана за напуштање на живеалиштето, редовно јавување во суд, забрана за контакти со останатите осомничени и забрана за извршување одредени работни активности.

Сите тие се осомничени за тешки дела против општата сигурност во врска со трагичниот пожар во кабарето „Пулс“ во Кочани, кој однесе 61 човечки живот и повреди над 200 лица.

- Advertisement -
Ad image

„Не постапиле по прописите, дозволиле објектот да добие лиценца иако не исполнувал безбедносни услови“, посочуваат од Обвинителството.

Според истрагата, во периодот од декември 2012 до јануари 2022 година, полициските службеници – вработени во СВР Штип и ПС ОН Кочани – не извршиле соодветна проверка пред издавањето на согласност за лиценца на локалот „Пулс“, што довело до катастрофалниот пожар.

Специјализираното одделение при ОЈО за гонење кривични дела сторени од полициски службеници, продолжува со предистражни дејствија со цел идентификување и на други лица инволвирани во случајот.

Обвинителството веќе отвори истрага против вкупно десетмина полициски службеници, од кои за седуммина побара мерки на претпазливост, а тројцата останати се веќе опфатени со други постапки. Против сите десетмина веќе е поднесена кривична пријава.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation