Background

На дваесеттина од повредените во несреќата во Кочани ќе им биде потребна подолготрајна рехабилитација, кај некои од нив тој процес на заздравување би можел да потрае и до 2 години

На дваесеттина од повредените во несреќата во Кочани ќе им биде потребна подолготрајна рехабилитација, кај некои од нив тој процес на заздравување би можел да потрае и до 2 години. Тоа денеска го посочи министерот за здравство, Арбен Таравари, кој истакна дека во рамки на Министерството се споведуваат сите потребни активности за прифат и продолжена нега на сите повредени во несреќата.

– Направена е евалуација од експерти од Велика Британија за тоа колку време ќе е потребнo за нивна рехабилитација. Веќе го имаме списокот на сите кои ќе бидат задржани подолго во странство. Го знаеме веќе и периодот колку би траела нивната рехабилитација – рече Таравари.

Тој рече дека времетраењето на рехабилитацијата варира, процесот на нивно заздравување би можел да трае меѓу 1 до 24 месеци кај потешките случаи.

- Advertisement -
Ad image

– На околу 20 пациенти ќе им е потребна продолжена рехабилитација…За нив се подготвува центар во рамки на болницата „8 Септември“. Имаме и понуди од неколку држави за бесплатна подолготрајна рехабилитација – рече тој.

Таравари посочи дека ќе се направат обиди да се обезбедат и средства за покривање на трошоците за престој на некои членови на семејствата на оние пациенти кои подолго време ќе останат на рехабилитација во странство.

Што се однесува на состојбата кај повредените во несреќата во Кочани, последните информации се дека од 47 пациенти, кои се на лекување во странство, само еден е во критична здравствена состојба.

– Едниот од двајцата, кои беа критични, денеска е подобар и се надеваме дека состојбата ќе се подобрува, рече Таравари.

Притоа за денеска не е предвидено враќање на никој од повредените кои се на лекување во странство. Најавено е враќање на еден од нив во текот на утрешниот ден.

Моментално во здравствените установи во земјата има 5 хоспитализирани пациенти, по двајца во болницата „Свети Наум Охридски“ и во „Систина“, додека на Клиниката за пластична хирургија е хоспитализиран само еден пациент, а двајца се третираат амбулантски, односно се рехабилитираат во домашни услови, а доаѓаат на третман во клиничкиот центар.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation