Background

Џенерал Моторс најави привремено затворање на фабриката во канадскиот град Ингерсол која произведува електрични комбиња BrightDrop

Џенерал Моторс најави привремено затворање на фабриката во канадскиот град Ингерсол која произведува електрични комбиња BrightDrop, а целата фабрика ќе престане со работа од 14 април 2025 година поради слабата побарувачка за електрични возила.

GM продаде само 274 BrightDrop возила во првиот квартал, значително под очекувањата. Компанијата, поради прекумерните залихи и недоволната побарувачка, одлучи да го „прилагоди работењето на пазарните услови“.

Според најавите, со оваа одлука на Џенерал моторс  се загрозени околу 500 работници, а некои од нив можеби во мај воопшто нема да се вратат на работните места во октомври за кога е планирано нејзино отворање со намален капацитет.

- Advertisement -
Ad image

Синдикатот „Унифор“, кој ги застапува работниците во Ингерсол, потврди дека по продолжувањето со работа, бројот на смени ќе се преполови, што дополнително ја загрозува безбедноста на вработените.

Ова не е прв удар за GM во Канада – уште една нивна фабрика претходно беше затворена, а Stellantis неодамна претрпе двонеделен штрајк во фабриката во Виндзор, исто така предизвикан од падот на побарувачката и лошите пазарни услови.

Покрај пазарните предизвици, канадската автомобилска индустрија трпи и последици од протекционистичката политика на Доналд Трамп, вклучувајќи го и наметнувањето царини за странски возила. Ова предизвика сериозна неизвесност во трговските односи меѓу САД и Канада.

Градот Ингерсол има 14.000 жители и затворањето на оваа фабрика ќе има големи последици врз локалната заедница.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation