Централниот и јужниот дел на Ирак ги зафати песочна бура, поради што во болница се примени повеќе од 3.700 лица кои имале проблеми со дишењето, соопшти денеска ирачкото Министерство за здравство. Аеродромите во јужните провинции Наџаф и Басра беа затворени поради слаба видливост. Во меѓувреме, ситуацијата малку се смири.
Песочната бура ги погоди особено провинциите во средишниот и јужниот дел на земјата. Најпогодена е провинцијата Басра, каде поради проблеми со дишењето се хоспитализирани повеќе од илјада луѓе. Вкупно 3.747 лица се хоспитализирани во земјата, пренесува француската новинска агенција АФП.
Поради слабата видливост, која на некои места беше намалена на помалку од еден километар, затворени се аеродромите во јужните провинции Басра и Наџаф. Локалните медиуми јавуваат и за прекини на струја. Во меѓувреме, до утрово ситуацијата малку се смири.
Песочните бури се вообичаени во централен и јужен Ирак и поширокиот регион, но во иднина би можеле да зачестат поради ефектите од глобалното затоплување, наведува британски Би-би-си.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖