Центарот за управување со кризи (ЦУК) извести дека вчера во 17.06 часот, преку телефонскиот број 112 имало пријава за одрон на патот Скопје-Велес.
„Конкретно е добиена пријава од лице кое патувало од Скопје кон Велес, дека пред патарината кај Велес камион-цистерна удрил во карпите и предизвикал одрони на пат, што претставуваат опасност. За ова веднаш е известено ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за нивна понатамошна постапка, по што е и постапено“, извести ЦУК.