Ќе се воведат паметни граници, ќе се отворат нови премини

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

За разлика од порано, Владата и институциите се борат против корупцијата и криминалот со сите средства, а со една цел, Македонија да биде држава во која владее правдата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Борбата против корупцијата и криминалот се меѓу првите приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Еден од низата примери во борбата против корупцијата и криминалот е Царинската управа. Приходите во 2024 година се поголеми од 2023 година за над 7,5 милијарди денари. Во почетокот на оваа година, односно во првиот квартал повторно е забележано зголемување на наплатата од скоро 30 милијарди денари. Овие пари директно влегуваат во Буџетот на државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Приходите од Царина се повисоки за 15,6%, приходите од акциза за 5,7%, а од данок на моторни возила за 16,2%, се додава во соопштението.

„Во врска со борбата против корупцијата, разобличени се криминални мрежи кои се разобличени. Во периодот од декември до април оваа година се поднесени 102 кривични пријави, додека минатото раководство за периодот од 2020 година до 2023 година има поднесено вкупно 85 кривични пријави. Во однос на работата на царинските тимови, само во првото тромесечје се остварени над 100 заплени, за разлика од минатите 7 години, каде што просекот за една година бил од 52 до 110 заплени. Сега овој просек е надминат во првите три месеци“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Се работи и на модернизирање на граничните премини, додава партијата.

„Се работи на воведување паметни граници преку грант од Европската Унија. Се работи на реконструкција на граничен премин Делчево, на Маркова Нога и се работи на нов граничен премин со Бугарија. Борбата против криминалот и корупцијата продолжува. Зголемените приходи од Царините ќе се слеат во Буџетот, за нови градинки, училишта, болници, патишта и други економски проекти“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Share This Article