Идејата за „GOAT“ за најдобриот спортист на сите времиња не го заобиколи ниту српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Асот кој не се снајде најдобро во Монте Карло одвои малку време за да ги каже своите мислења за неформалната трка „GOAT“.
Како на квиз, Ѓоковиќ мораше да избира кој е „козата“, најдобриот спортист во разни дисциплини.
– Го избирам Том Брејди. Имам подобар однос со него – изјави Ѓоковиќ кога дојде на ред да избере меѓу кошаркарот Брејди и легендарниот Мајкл Џордан.
Потоа следеа многу други, како Флојд Мејведер, Конор Мекгрегор, Јусеин Болт, Луис Хамилтон и Мајкл Фелпс…