Можноста Украина да влезе во Европската унија и НАТО може да се разгледа само по завршувањето на борбите, вели Фридрих Мерц, лидер на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ), пренесува Б92.
– Украина е многу голема европска земја, но таа е европска земја која е во војна. Земја што е во војна не може да стане членка на НАТО или на Европската унија – истакна Мерц во интервју за весникот „Ханделсблат“.
Од Брисел постојано пристигнуваат сигнали во врска со можното членство на Украина во овие две организации.
Сепак, во февруари Унгарија стави вето на почетокот на првата фаза од преговорите за пристапување на Украина во Европската унија.