Background

Вучиќ вели дека некој сака да ја киднапира државата

Српскиот претседател верува дека идната недела ќе биде избрана новата влада во државата, јави дописникот на МИА од Белград.

– Наша должност е да подадеме рака и секогаш ќе ја подадеме. Но, државата мора да постои, мора да работи и верувам дека следната недела ќе се избере влада – изјави денеска Вучиќ.

Во врска со централниот дел од митингот „Не ја даваме Србија“, одржан вчера, нагласи дека во Белград влегле меѓу 126.735 и 128.080 луѓе.

- Advertisement -
Ad image

– Значи таа цифра е без Белград, а на митингот имаше најмногу луѓе од Белград.

Тој додаде дека „не може да се одземе чувството на гордост од луѓето што присуствуваа на митингот, дека народот покажа дека не мора да се скрши, да се блокира себеси“, но и дека „оние кои имаат задача да ја уништат Србија“ ќе продолжат да го прават тоа.

Коментирајќи го вчерашниот митинг во Нови Пазар, на кој повикаа студентите во блокада, Вучиќ рече дека присуствувал на многу поголеми митинзи во тој град и дека наскоро и самиот ќе го посети Нови Пазар.

– Нема да се откажеме од барањата изнесени синоќа на средбата во Белград. Овие барања се во согласност со Уставот и тоа е обврска, само што некој го суспендираше Уставот, а тоа не беа луѓе од власта, туку тие што се обидоа да ја киднапираат државата и институциите, тие буквално ја киднапираа државата.

Зборувајќи за митингот во Белград, тој рече дека тоа бил „значително поголем митинг од оној за кој велат дека е најголемиот (од опозицијата)“.

Претседателката на Националното собрание Ана Брнабиќ денеска изјави дека седницата на Националното собрание и расправата за новата влада се очекува в понеделник или вторник и додаде дека седницата ќе ја закаже веднаш штом ќе се добие предлогот за состав на влада.

– Сè уште не сме го добиле предлогот за состав на влада. Штом ќе го добиеме, веднаш ќе го проследиме и веднаш ќе закажам седница…Верувам дека или во понеделник или вторник ќе почнеме со Собранието и расправата за новата влада на Република Србија – изјави Брнабиќ.

Минатата недела Вучиќ го предложи Ѓуро Мацут за мандатар за состав на нова влада во Србија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation