Италијанската премиерка Џорџа Мелони му подари на британскиот крал Чарлс Трети персонализирана тегла Нутела со неговото име испечатено во златни букви, пренесува италијанската агенција АНСА.
Чарлс го доби светски познатиот намаз од лешник за време за време на посетата на Италија. Тегла Нутела со персонализирана етикета ѝ била дадена и на кралицата Камила.
„Корисен подарок за уживање на софа во дождливи денови“, напиша Мелони во пораката што ги придружувала подароците.
За време на тридневната посета на Италија, британскиот крал и кралица се сретнаа со италијанскиот претседател Серџо Матарела, премиерката Мелони, папата Франциско, а Чарлс одржа говор пред италијанскиот парламент.
Тие го посетија и гробот на Данте во Равена, каде што престојуваа по повод 80-годишнината од ослободувањето на тој дел на Италија.
За време на нивната посета на Италија, Чарлс и Камила ја прославија и 20-годишнината од бракот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
