За викендов не се планирани исписи од странски медицински центри, а надвор од државата се лекуваат 48 пациенти повредени во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, информираат од Министерството за здравство (МЗ).
– Состојбата на пациентите останува непромената, односно остануваат во критична состојба пациентите за кои и претходно информиравме, додека останатите пациенти се во стабилна состојба – велат од Министерството.
Според податоците на Министерството, во болниците во земјава се лекуваат 10 од повредените пациенти, од кои четворица во Хируршка клиника „Св. Наум Охридски“ три на Клиника за пластична хирургија, двајца пациенти во приватната болница „Систина“.
– Во ГОБ „8 Септември“ еден пациент во моментов е на лекување, додека вториот, кој беше вратен од Анкара е прегледан и пуштен на домашно лекување. Исто така, на Клиника за пулмологија, во изминатото деноноќие е прегледан и пуштен на домашно лекување, пациент кој е вратен од Марибор – велат од Министерството за здравство.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
