Background

Принцот Хари дојде во ненајавена посета на Украина каде се сретна со повредени припадници на воените служби

Принцот Хари дојде во ненајавена посета на Украина каде се сретна со повредени припадници на воените служби. На принцот му се придружија на посетата четворица ветерани од неговата Фондација „Игрите Инвиктус“, кои и самите поминале низ слична рехабилитација по повредите здобиени во воените конфликти.

За време на престојот во Украина, 40-годишниот принц Хари го посети Центарот „Суперхјуман“, специјализирана ортопедска клиника во Лавов, која обезбедува бесплатна рехабилитација на повредените воени лица и цивили.

Посетата е дел од неговата континуирана хуманитарна работа со ранетите ветерани, пренесуваат странските медиуми.

- Advertisement -
Ad image

Принцот го обиколил центарот, разговарал со пациентите и со медицинските работници и бил запознаен со работата на хируршкиот тим за подобро да ги разбере најсовремените услуги што се обезбедуваат.

Според британските медиуми, од безбедносни причини, посетата била објавена во јавноста дури откако принцот ја напушти земјата.

За време на посетата, Хари доби емотивен подарок – нараквица со неговите иницијали и цитат: „Кој спаси еден живот, го спасува светот“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation