Background

Полицијата во жестока акција, казнети пешаци, возачи, дури и еден со тротинет

Во текот на вчерашниот ден, полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи на Министерството за внатрешни работи спроведоа засилени сообраќајни контроли низ целата држава. Како резултат на овие активности, издадени се вкупно 1001 платен налог, што е највисок број на санкции во еден ден за овој месец.

Од МВР информираат дека статистичките трендови остануваат слични на претходните денови, а најголем број прекршоци се однесуваат на непрописно паркирање (241 случаи) и возење со неприлагодена брзина (279 случаи).

Она што особено се издвојува е високиот број на прекршоци од страна на пешаци – дури 178, што укажува на зголемена небезбедност и непочитување на правилата и од страна на учесниците кои се движат пеш по улиците.

- Advertisement -
Ad image

Полицијата вчера откри и 84 учесници без возачка дозвола, а во девет случаи возачите биле под дејство на алкохол. Исто така, шест возачи поминале на црвено светло, а казнет е и еден возач на електричен тротинет.

Дополнително, изречени се казни за неносење сигурносен појас (39 случаи), неносење заштитен шлем (1 случај), како и користење мобилен телефон при возење (34 случаи).

Во рамки на контролите, 22 возила се исклучени од сообраќај, од кои осум биле технички неисправни, а 14 нерегистрирани.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и да придонесат кон заедничка безбедност на патиштата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation