Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека самиот влегол во Клиничкиот центар на Србија за да ги посети повредените во пожарот во дискотеката во Кочани.
Изјавата на Вучиќ доаѓа откако студентите во блокада во Србија поставија и шесто барање, а тоа е да се утврди кој е одговорен за посетата и престојот на новинарските екипи во Клиничкиот центар на повредените во пожарот во Кочани.
„Здравствената установа и одговорните лица во таа установа кои дозволуваат голем број неовластени и несоодветно обучени лица да влезат на одделението за интензивна нега и да снимаат, фотографираат, па дури и да допираат тешки пациенти, ги прекршуваат елементарните правила на струката и протоколите во постапувањето со имунокомпромитирани пациенти“, соопштија студентите .
Поради овој инцидент тие бараат поведување постапка за утврдување одговорност и разрешување на директорката на УКЦС Јелена Друловиќ, директорот на Ургентниот центар на УКЦС Марко Ерчеговац и началникот на одделението за интензивна нега на Ургентниот центар на УКЦС, Душан Мициќ.
– Не мора никого да бркаат. Па, јас сум тој. Гордиот Александар Вучиќ, кој учествуваше и чија идеја беше да се изгради и обнови Клиничкиот центар, да инвестира огромни пари. Отидов да ги посетам. Тоа беше моја волја, никој не мораше да ме пушти, влегов сам. И, што ќе се случи сега? Ништо – рече тој одговарајќи на прашања на новинарите во Париз по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон.
Вучиќ додаде дека Србија има модерен клинички центар, и тие луѓе имале каде да дојдат на лекување.
Tagged as:
Вучиќ одговори кој му дозволил да ги посети повредените од Кочани
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖