Бркотница во Њукасл заврши катастрофално, пет лица се во болница

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полициска потера по БМВ заврши катастрофално, пет лица се пренесени во болница со тешки повреди, откако бркотница на автопат кај Њукасл опасно тргна наопаку и резултираше со искршени пет полициски возила, објави Дејли Мејл.

Драматичната потера се случила ноќта меѓу вторникот и средата околу 2 часот и 30 минути, а автопатот потоа долго бил затворен во двата правци, откако при потера по бегалецот дошло до страотен судир на полициски возила со БМВ-то по кое трагале.

Според информациите, при полициска потера дошло до страшен судир меѓу БМВ-то и полициско возило, при што патролното возило останало без покривот и трите врати, кои прелетувале по сите ленти на автопатот.

Засега не е познато што точно тргнало наопаку. Луѓето кои живеат во областа само велат дека рано утринава ги дочекал хаос.

– Никогаш не сме виделе вакво нешто во нашите животи, бевме во шок – велат мештаните откако ги виделе сцените по несреќата.

Според британските медиуми, пет лица се пренесени во болници со многу тешки повреди. Полицијата сѐ уште врши увид на лице место, по што најверојатно ќе бидат отстранети остатоците од уништените автомобили, како и расфрланите парчиња стакло и пластика од патот.

– Ме разбуди звук на хеликоптер нешто пред 3 часот по полноќ, а потоа сфатив дека е полициски хеликоптер. Ги кренав ролетните и ги видов ротирачките светла на возилата на брзата помош и полицијата беше насекаде – сведочеше една жена која живее крај автопатот.

Таа вели дека била свесна дека се случило нешто сериозно, но дека не ни поимала дека несреќата била толку погубна.

- Advertisement -
Ad image

Што и претходело на драматичната бркотница и кој точно бил повреден во несреќата сѐ уште не се знае. Од Итната помош соопштија дека повикот го примиле во 02:29 часот и дека на лице место излегле пет медицински екипи, од кои две екипи за одговор при катастрофи.

Сите надлежни служби, од полицијата до противпожарната служба, можеа само да потврдат дека дошло до несреќа во која учествувале повеќе возила. Меѓутоа, што точно се случило засега е мистерија.

Share This Article