Видео кое кружи на социјалните мрежи открива бизарна сцена од вчерашниот протест во Нов Белград, каде жителите протестираа против изградба на хотел, супермаркет и кафуле веднаш до станбена зграда, објави „Н1 Србија“.
Додека полицијата се обидувала да ги смири насобраните граѓани, снимката покажува како еден маж, најверојатно учесник на протестот, бил приведен и ставен во полициско возило.
Но, на изненадување на сите присутни, и според сведоштвата, човекот успеал да излезе од другата врата на полициското возило и незабележан да се врати назад.
Не само што успеал да побегне од возилото, туку повторно се приклучил кај полицијата, додека тие ја проверувале личната карта на друг демонстрант – без да сфатат дека тоа е истото лице што претходно го приведоа.
Видеото ги насмеа корисниците на „Х“
„Половина час плачам од смеење“, „Овие ќе живеат“, „Одамна не сум се смеел толку слатко“, „Би изгубиле две нацртани гуски“, „Феномен познат како ‘циркулирачки затвореници во природата’“, „Ова е хит“, се само дел од коментарите под објавата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
