Background

Неколку лица се повредени во новите руски напади врз Украина

Најмалку 21 лице е повредено во нови напади со руски беспилотни летала врз Украина во текот на ноќта во неколку украински градови. Русија ја нападна Украина со 55 беспилотни летала, а украинската противвоздушна одбрана соопшти дека соборила 32 од нив, пренесе француската новинска агенција АФП.

Во градот Днипро во југоисточна Украина напад со дрон оштети неколку станбени згради и повреди 14 лица, од кои едно потешко, објави гувернерот Сергеј Лисак на Телеграма. Според градоначалникот на Днепро, Борис Филатов, пет станбени блокови биле цел на нападите.

Најмалку три лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се повредени во „масивен напад на руски беспилотни летала“ во Краматорск во југоисточна Украина, соопштија локалните власти.

- Advertisement -
Ad image

Во Харков на истокот на земјата три лица се повредени во напад на дваесетина руски беспилотни летала врз станбени згради и индустриски објекти, соопшти регионалното обвинителство.

Руското Министерство за одбрана, пак, објави дека соборило 158 украински беспилотни летала над западниот и јужниот дел на земјата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди по петочниот руски напад на Криви Рих, во кој загинаа 20 лица, меѓу кои девет деца, дека се зголемува бројот на руските воздушни напади врз Украина, што според него покажува дека меѓународниот притисок врз Москва е недоволен и дека Русија не сака прекин на огнот. Тој, исто така, изрази жалење поради недостатокот на американски одговор на отфрлањето на Москва за прекинот на огнот во Украина.

Москва нагласува дека го поддржува договорот за прекин на огнот во Украина, но укажува на неодговорени прашања во однос на спроведувањето на договорот. Како што продолжуваат нападите врз Украина, Кремљ тврди дека руските сили не ја гаѓаат цивилната инфраструктура.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation