Компанијата „Викресофт“, која беше основана од „Мајкрософт“ во соработка со кинески партнери, денеска престанува да работи, објави кинескиот медиум „Кајинг“, повикувајќи се на информирани извори.
Ова е во согласност со одлуката на Мајкрософт да ги суспендира услугите за поддршка на клиентите во Кина, кои ќе ги вклучуваат корисниците на оперативниот систем Windows и програмите за обработка на текст Office.
Затворањето на компанијата ќе остави без работа 2.000 работници.