Под раководство на градоначалникот Кирил Пецаков, денеска во просториите на Општина Охрид се одржа состанок на општинскиот Штаб за заштита и спасување.
На состанокот присуствуваа претставници од Одделението за заштита и спасување и управување со кризи при Општина Охрид, претставници на Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, СВР Охрид, Територијалната противпожарна едница, Општинските јавни претпријатија, НП Галичица, ЈП Национални шуми, охридскиот Црвен Крст, Службата за спасување на планина, како и претставници на волонтерски здруженија од Охрид.
На состанокот се разговараше за подготвеноста и координацијата на институциите за заштита и управување со кризни состојби на локално ниво. Беше ставен акцент на подготвеноста за заедничко делување за справување со шумски пожари, во однос на екипираност и техничка опрема. Беше побарано да се направи детален попис на расположливи средства и кадар, како и потребите од набавка на нова опрема.
Еден од заклучоците на состанокот беше и иницијативата за реализирање на соодветна обука за справување со пожари, со која би биле опфатени волонтери и вработени во јавните претпријатија. Целта на оваа обука ќе биде да се обезбеди база на обучени лица на локално ниво, кои би можеле во секое време да одговорат на терен, доколку има потреба.
Исто така беше нагласена и потребата од превентивно делување за заштита од пожари, поставување на современа опрема за рана детекција на пожари, како и можноста за поставување на цистерни за вода на критични локации на планината Галичица.
Присутните на состанокот се согласија дека ваквите состаноци се многу важни за превентивно делување и согледување на капацитетите, со цел Општина Охрид да биде секогаш подготвена за заштита и спасување и справување со можни кризни состојби на локално ниво.
Tagged as:
СЕ ОДРЖА СОСТАНОК НА ШТАБОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ НА ОПШТИНА ОХРИД
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖