Информацијата дека легендарниот Португалец Кристијано Роналдо (40) сериозно размислува за можноста да стане сопственик на Валенсија беше објавена кон крајот на февруари, а сега шпанскиот новинар Јулијан Редондо потврди дека навистина нешто конкретно се случува.
Имено, тој во својата колумна за „Мундо Депортиво“ напиша дека Роналдо ќе стане нов сопственик на Валенсија, но под услов клубот да го задржи прволигашкиот статус.
Валенсија во моментов е на 15. позиција во Примера со 31 освоен бод, што е само четири бода над зоната за испаѓање, а до крајот на првенството остануваат уште девет кола.
Во следното коло за противник ќе го има Реал Мадрид, што тешко може да смета за лесна задача.
Од друга страна, Роналдо ја игра третата сезона за саудиски Ал-Наср, но веќе размислува за животот по неговата професионална кариера.
Тој веќе започна голем број деловни потфати, вклучувајќи синџири на хотели, фитнес центри и разни брендови, но се чини дека неговата желба е да остане поврзан со фудбалот.
Роналдо покажал интерес да ја преземе Валенсија, клуб кој моментално го води Питер Лим, личност која долго време е жестоко критикувана од навивачите.
Некои извори тврдат дека Роналдо во овој потфат ќе има финансиска помош од саудискиот принц Мохамед бин Салман и неговото семејство.
Tagged as:
Роналдо сака да стане сопственик на Валенсија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
