Background

Отворени се за дискусија со сите нови студентски организации

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УСС на УКИМ) не е против нови здруженија и организации на студенти и ќе ги повика на дискусија за сите предизвици со кои се соочуваат студентите, изјави претседателот на собранието. Тој одговарапе на новинарско прашање за став во врска со појавата на нови студентски иницијативи по трагедијата во Кочани, како што се „Студентски сојуз“ и „Студентски пленум“.

Тој нагласи дека УСС на УКИМ  секогаш работи за интересите на студентите, Николовски. Рече дека чекаат да видат какви барања ќе произлезат од страна на тие здруженија и организации и дека се отворени за дискусија.

– Во моментов размислуваме за отворена трибина на која ќе ги повикаме сите страни, за да дискутираме за сите предизвици коишто сметаат дека треба да се поправат. Секако, ние сме тука и кога се добри времиња и кога се случуваат вакви трагедии за заедно да менуваме работи во системот. Дополнително, УСС на УКИМ спроведе анкета со сите студенти преку која ќе се направи еден вид документ, што ќе биде манифест со барање до институциите за одредени промени, согласно трагедијата во Кочани. Но ние, во ниту еден случај, не одиме против вакви здруженија затоа што тоа се студенти, а ние како легитимно избрани тела, ниверзитетско студенстско собрание и факултетски собранија, сме тука за да дискутираме и заедно да ги решаваме проблемите – истакна Николовски.

- Advertisement -
Ad image

Во врска со политички влијанија во студентските организации, тој нагласи дека партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање затоа што тогаш доаѓа до конфликт на интереси.

– Се трудиме да соработуваме со сите политички партии, сме соработувале и ќе продолжиме да соработуваме, но сметаме дека раководството на студентските организации не треба да биде под надлежност на партиски членови – рече Николовски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation